Опозицијата бара да се разговара за ФК Пелистер во Советот

0
658

-Талески продолжува да се крие.Денес започнува неговиот 9-ти месец криење од Советот, советниците и од проблемите кои ги мачат битолчани. Затоа во името на опозицијата со поддршка од опозиционите советниците поднесовме Иницијатива за ставање на точка на дневен ред.
Информација за исполнување на обврските превземени со купопродажбата на ФК Пелистер.
Оваа иницијатива согласно Статутот и Деловникот на Советот на Општина Битола е адресирана до претседателот на Советот, г-ѓа Силвана Анѓелевска. Со оглед дека не се работи за обемна и сложена процедура, бараме, кога оваа точка ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна седница претседателката на Советотда го обезбеди присуството на градоначалникот на Општина Битола.Време е Талески да престане да се крие и предграѓаните и пред Советотда даде отчет за неговото работење, рече денес на прес-конференција, Благојче Котески, советник од СДСМ.

Без коментари

LEAVE A REPLY