Опозицијата го потврди бојкотот на изборите

0
376
Четиринаесет опозициски партии денеска ја потпишаа платформата за демократија предводена од Социјалдемократскиот сојуз и ја потврдија својата одлука за бојкот на предвремените избори кои ќе се одржат на 5-ти јуни. Освен СДСМ на изборите нема да учествуваат ниту; НСДП, ЛДП, Обединети за Македонија, Партијата за движење на Турците и уште други девет партии. Платформата претставува обединување на партиите под идејата за слободни медиумите, регуларни и демократски избори, независно судство, владеење на правото и борба против криминалот и корупцијата.
Во моментов Македонија нема избирачки список, рече Заев по потпишувањето на платформата, одговорајќи на тврдењата дека е возможно прочистување на избирачкиот навреме пред одржување на изборите.
Заев ги повика останатите партии кои се опозициските ориентирани, граѓанските здруженија и невладините организации да се приклучат на платформата. Со повикот за граѓанско обединување Заев испровоцира дел од синдикалните здружувања. Во соопштение до медиумите од Синдикатот за образование, наука и култура денеска побараа извинување од него.
Во изјавата на Претседателот на СДСМ, се направени тешки повреди на неколку закони. Со неговиот повик до наставниците и професорите да се вклучат во најавениот народен фронт, директно се крши со закон забранетото политичко делување на вработените во образованието во сите степени.Ваквиот преседан на Зоран Заев може да предизвика огромни социјални и економски последици и затоа лидерот на СДСМ мора да престане со секакво мешање во работата и делувањето на синдикатите во Република Македонија, пишува во соопштението на Синдикатот за образование, наука и култура.