Опозицијата ќе функционира преку 10 пратенички групи во Собранието

0
1145

ВМРО-ДПМНЕ од денеска има 10 пратенички групи во Собранието. Девет имаат по пет пратеници и една е со шест.

Во најголемата пратеничка група, координатор е Илија Димовски и таму е пратеникот и лидер на партијата Никола Груевски.
На втората координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата Даниела Рангелова, на шестата Панчо Минов, на седмата Димитар Стевананџија, на осмата Драган Данев, на деветтата Благица Ласовска и на десеттата Драган Цуклев. Секој координатор има двајца заменици.

Како што рече Димовски, ова го прават со цел да може да се искористи деловничкото право со можност за поголемо учество во дискусијата.
Деловникот предвидува координаторот на пратеничката група да говори 15 минути и да се јави за процедурални забелешки од три минути.

Без коментари