Опозицијата ќе предлага јавен обвинител после втората година

0
377

Премиерот Зоран Заев одговори на денешниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за законски измени кои ќе овозможат тие да го предложат новиот јавен обвинител кој ќе треба да го наследи Марко Зврлевски.

– Ние ветивме после втората година на предлог на опозицијата да има јавен обвинител – рече Заев, посочувајќи дека новиот обвинител треба да биде врвен експерт кој ќе го врати функционирањето на правната држава.

Премиерот Зоран Заев денеска го оцени како лицемерен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот обвинител да се избира од опозицијата. Според него, сега на Македонија и е потребно спроведување на реформите и да се најде најдобриот експерт кој може да биде избран за државен обвинител.