Опозицијата побара, власта одби- расправа за офицерскиот дом

0
623

Веднаш по читањето од страна на претседателот на Совет, на сите 34 точки од дневниот ред на 46 тата седница на совет согласно правото за измени и дополнување на дневниот ред, од страна на опозицијата беше побарано како прва точка на дневен ред да се најде продажбата на Офицерскиот Дом во Битола. Опозицијата со препорака домот да остане во надлежност на Р.Македонија и со буџетски средства да биде саниран

-Не сакам оправдување за работи што се случувале во минатото, не сакам оправдување дека домот е во надлежност на централната власт, не смееме да останеме неми за оваа работа и имаме обрврска и право, токму на овој Совет да донесеме препорака да остане Домот во сопственост на Р.Македонија и со буџетски средства да биде реновиран, изјави Наташа Петровска советник од СДСМ

Од страна пак на советничката група на ВМРО НП беше побарано одлагање на одлуката за потребата од определување на заштитни зони околу водни тела наменети за конзумирање од страна на човек во општина Битола

-Постои обемен материјал за ова бидејќи е сериозна работа, треба да се добие дополнителен материјал не само за членовите на комисијата туку и за сите советници, изјави Снежана Стоилова ВМРО НП

Претседателката на совет побара пауза од 5 минути за да се слушне ставот од ЈП Водовод околу оваа точка . По паузата двата предлози и од советничката Петровска и од советничката Стоилова беа ставени на гласање. Со 14 гласа за од страна на опозицијата и со 17 против од страна на власта птредлогот на СДСМ да се расправа на денешната седница за продажбата на Офицерскиот дом беше одбиен, а предлогот на ВМРО НП да биде тргната 5 тата точка од дневниот ред беше усвоен.

Советниците потоа ја продиолжија расправата по првата точка од невниот ред за финансискиот план и програма за работа на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инжињеринг Битола за 2016 година која беше усовена, а расправата продолжи по втрората точка од дневниот ред за Годишната програма за работа на Советот на млади на Општина Битола за 2016 година.