Опозицијата во Албанија одби да учествува на изборите, се бара оставка од Рама

0
176
Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија Љуљзим Баша изјави дека неговата формација нема да учествува на претстојните парламентарни избори, кои треба да се одржат на 18-ти јуни.

Денес, 10 април, истекува рокот за пријавување. Опозицијата нема да учествува во „фасадни избори“. Други решенија нема да има освен отстранувањето на премиерот, рече Баша. Баша го отфрлил и предлогот на претседателот на ЦИК Денар Биба да се продолжи со 19 дена поднесувањето на документи за регистрација на изборите.

„Тој вели јас ви давам ЦИК. Но, ние немаме потреба од ЦИК откако тие ја поседуваат дрогата, полицијата, која работи за криминалот, дрогата и криминализација на општество. Во вакви услови ЦИК е само една играчка. О Денар Биба, ти си само еден претседател на ЦИК, а не Папата во Ватикан! О, идиот таков !“, рекол Баша пренесуваат албански медиуми.

И лидерот на Републиканската партија, Фатмир Медиу предупеди дека нема да учествува на изборите. Опозицијата повикува на оставка на премиерот Еди Рама и за составување на службена влада, кој ќе организира фер и слободни избори во Албанија. Во центарот на Тирана има и деноноќно шатори каде присутните побараа оставка на Рама.