Опозицијата во Советот бараше информации за куќниот притвор на Талески

0
476

На вчерашната седница на Совет дебата за тоа дали градоначалникот на општина Битола има право да потпишува документи, со оглед на тоа што се наоѓа во домашен куќен притвор. Опозицијата со повеќе предлози. Советничката Габриела Илиевска  побара одложување на точката за кварталниот извештај за буџетот на општината, чиј предлагач е Талевски, се додека не добие одговор од Специјалното Јавно обвинителство, Основниот суд скопје 1 и Апелациониот суд.

gabriela

-Вакво барање  поднесов  и до правната комисија на Собранието на Република Македонија за автентично толкување на Законот за кривична постапка, кој се однесува на куќниот притвор. Дали доколку Талески беше притворен во Шутка, општината ќе работеше на ист принцип и ќе го посетуваа луѓе постојано за да потпишува документи? Живееме во ненормална општина.Битола се наоѓа во една страшно лоша состојба. Таа е заложник на еден човек и затоа барам мислење од овие институции за примената на членот 163 од Законот за кривична постапка. Дали ова лице има право да потпишува документација од дома, дали други лица без дозвола на судија смеат да го посетуваат и да му даваат службени документи на разгледување и за потпис,изјави Габриела Илиевска советник од ВМРО НП .

Од страна на претседателката на Совет беше речено дека работата на Советот нема допирна точка со правата и надлежностите на другите институции. Предлогот на опозицијата за да се одложи расправата за кварталниот извештај, мнозинството од власта не го прифати.

natasa
Наташа Петровска од СДСМ со предлог за изменување на дневниот ред на седницата

– Барам на денешната седница да се постави точка на дневен ред која ќе гласи: Барање до судијата на претходна постапка кој одлучувал за одлуката за притвор при Основниот суд во Скопје и до СЈО да достави информација до Советот за допуштените надлежности на градоначалникот од позиција на куќен притвор. На тој начин не би се наоѓале во ситуација во дилеми какви што имавме за точката за осветлувањето во градот, изјави Наташа Петровска советник од СДСМ

Предлогот на Петровска не беше усвоен, бидејќи мнозинството гласаше против

Без коментари

LEAVE A REPLY