Опозициски пратеник активирал солзавец во косовскиот парлемент

0
302

Пратеник на опозициското движење Самоопределување Фатон Топали активирал солзавец кој предизвикал прекин на денешната седница на косовскиот парламент, јавуваат косовските медиуми.

Пратениците ја напуштиле салата, а претседателот на парламентот свикал вонредна седница на која ќе се решава за понатамошната работа на парламентот на Косово.

По прекинот на седницата шефот на пратеничката група на Самоопределување Глауф Коњуфца изјавил дека полицијата им помогнала на неговите колеги да го внесат солзавецот во собранието.

Блокот опозициски партии претходно порача дека ќе ја попречува работата на парламентот сѐ додека договорот со Србија за српските општини на Косово, како и договорот за демаркација на границата со Црна Гора не бидат поништени.

Без коментари

LEAVE A REPLY