Општ хаос на Идомени

0
960

„На граничниот премин Идомени бројката на бегалци е над 10.000. Има најава дека на Поликастро се наоѓаат околу 5000 бегалци, така што овде е општ хаос“ вели за Тера Ленче Здравкин хуманитарка која од почетокот на бегалската криза им помага на бегалците.

0,,19083659_303,00

Таа додава дека ситуацијата излегува од контрола, луѓето се беспомошни, има многу малку храна, малку грижа за толкава маса на луѓе.

Имало многу инвалиди, жени со деца, докторите имаат полни раце работа, иако се во мал број тие се трудат колку што можат да им помогнат, вели Здравкин.