Општа медицинска сестра и физиотерапевт најатрактивни за матурантите

0
688

Тече вториот ден за упис на Високата Медицинска школа во Битола. Најголем интерес имало за студиската програма општа медицинска сестра и за студиската програма физиотерапевт. Најмногу пријави како што велат од оваа високообразовна институција имало од градовите од пелагонискиот регион,поточно од Битола, Прилеп, Ресен и Охрид

– Се надевам дека и утре ќе имаме некој одреден број на студенти кои што ќе се пријават, најголем интерес имаме за студиските програми општа медицинска сестра и физиотерапевт тие скоро и се пополнети државните квоти, остануваат само квотите со кофинансирање и за вонредни студенти, се надевам дека за овие дена ќе стигниме и до некоја бројка барем како минатата година, бидејќи ние постојано имаме некоја стандардна бројка на новозапишани студенти, изјави проф.д-р Домника Рајчановска , дриректор на ВМШ

Оваа установа за идните студенти нуди пет студиски програми, општа медицинска сестра, лабараториски аналитичар, акушерки, физиотерапевти, и радиолози, а годинава и нова студиска програма Санитарни инженери. Оваа програма е прва и единствена во Македонија. Во овие два дена пријави пристигнале од околу 110 матуранти.

– Првиот уписен рок на ВМШ започна од вчера , а трае денес и заклулно со утрешниот ден, уписите досега течат нормално се одвива се во најдобар ред, вчера имавме запишани со комплетна документација 73 студенти нови , во сите студиски програми, а денес бројката на купени пријави односно електронската документација се околу 110 , значи вукната бројка ни е негде околу 110, изјави изјави проф.д-р Домника Рајчановска , дриректор на ВМШ

за Оваа академска година ВМШ има околу 325 слободни места на сите шест студиски програми.Од нив планирано е 120 да бидат редовни студенти во државна квота, околу 120 редовни студенти со кофинансирање и останатите 85 ќе бидат вонредни студенти, велат од ВМШ. Првиот уписен рок ќе трае до утре, вториот е од 1 до 4 Септември и третиот уписен рок е на 14 септември.

Без коментари