Општа паника во Русија поради симултани закани со бомби

0
279

Над 20.000 луѓе беа евакуирани од трговски центри, железнички станици и од универзитети во Москва, по дојави дека на тие места се поставени бомби, јавуваат руските медиуми.

Околу 190 места во 17 градови низ Русија се евакуирани поради закани со бомби, но проценката е дека станува збор за телефонски тероризам и кредибилитетот на дојавите допрва се проверува.

Неофицијалните информации од службите за безбедност велат дека „со оглед на огромниот број на повици, сите тие можат со голема доза на сигурност да се сметаат за лажни“. Експертот за разузнавање и пропагандна војна, Андреј Масаловиќ изјави за порталот на „Московски комсомолец“ дека станува збор за силен хакерски напад, како нов метод на специјална војна и обид за дестабилизација на политичката и безбедносна ситуација во земјата. Компјутерските експерти велат дека повиците биле направени од IP телефонија.

И покрај тоа, беа извршени евакуации на десетици илјади граѓани во сите градови. Многу е веројатно дека Русија се најде на удар на хакери, бидејќи, како што пишуваат руските медиуми, сѐ било изведено технолошки беспрекорно и се отфрлаат сомневањата дека тоа е дело на некој лудак, иако тие повици ни од оддалеку не се безопасни. Од Кремљ малку ја коментираа бизарната ситуација, велејќи само дека прашањето за повоците треба да се упатат на безбедносните агенции кои ги извршуваат сите потребни истраги и акции.

Полицијата и армијата ги испитуваат детално сите места во потрага по бомбите, а до сега московските медиуми јавуваат дека не е пронајдена ниту една поставена направа.

Без коментари