Општина Битола продава дел од возниот парк

0
1389

Општина Битола на својата интернет страница објави продажба на шест возила од возниот парк. Патничко возило DAEWOO TICO SE, година на производство 2002 со изминати километри 140 000, во возна состајба, регистрирано до 31.07.2016 година и почетна цена 60.000,оо денари.

Потоа продаваат Лада произведена 2000 година, изминати километри 308 014. Почетна цена  47.350,оо денари. Се продава и Лада нива, година на производство 1987, нема наведен податок за изминати колометри. Почетна цена 30.750,оо денари. Трите возила имаат регистрација до април, мај односно јули оваа година.

Исто така општината ќе продава и Југо Скала 55 од 2000 година со изминати километри 112 208, регистрирано до мај и почетна цена од 60.000,оо денари. Потоа Застава Југо 55 од 1988 година со изминати километри 171 264. Следна регистрација во ноември оваа година и почетна цена од 24.000,оо денари. Исто така го продавата и Аудито А6 произведено 1994 година, регистрирано до август оваа година, но неисправно и почетна цена од 104.550,оо денари.

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на движната ствар, за учество на јавното електронско наддавање. Објавен е на 5 февруари оваа година и трае до до 22.02.2016. Јавното електронско наддавање започнува со објавување на почетната цена на продажбата и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Без коментари

LEAVE A REPLY