Општина Битола: Соопштението од ФК Пелистер не е испратено од овластени лица

0
2133

„Се претпоставува дека, соопштението до јавноста во име на ФК Пелистер е објавено од неовластени лица од Управата. Општина Битола е соосновач во АД ФК Пелистер со учество од 25% удел и партиципира со 2 члена во органите на Управата. Членови на Управата и раководните лица на општината, координирано се во завршна фаза на изнаоѓање решение за времено обезбедување на минимално-технички услови за реализација на спортските активности на ФК Пелистер. Ваквите соопштенија во јавноста, не се во насока на поддршката на видниот развој на спортот во Битола, посебно фудбалот и ФК Пелистер и најверојатно се со други побуди.
Се надеваме, дека, Ваквите соопштенија се изолирани и нема да придонесат во нарушување на коректните односи помеѓу соосновачите, стои во соопштението на општина Битола.