Општина Крушево се откажа од дочек на Новата година

0
751

Дочекот на Нова година се откажува, парите ќе се искористат за патна инфраструктура, вака на својот Фејзбук профил напиша новоизбраниот градоначалник на Крушево Томе Хистоски.

„Локалната самоуправа дочекот на Новата 2018 година ќе им го препушти на локалните кафулиња, дискотеки, ресторани и хотели. Заради тешката финансиска состојба во која се наоѓа општинската каса одлучивме овие пари да ги искористиме за поприоритетни работи, како што е подобрувањето на патната инфраструктура во Крушево и во населените места.На 31-ви декември 2017 година Општина Крушево ќе организира скромен коктел, додека вечерните забави и настани ги препушта на локалните претприемачи од угостителскиот сектор.Со овој чекор сакаме и да потенцираме дека организацијата на настан како што е дочекот на Нова година треба да ги опфаќа и населените места, а не само жителите на град Крушево.Крушево е зимска бајка која заслужува да биде туристичка дестинација, за таа цел ќе го осветлиме и ќе го украсиме онака како што му доликува за новогодишните празници“ напиша градоначалникот на Крушево.