Општина Могила прослави 21 година

0
1039

Со свечена седница на Совет денеска општина Могила ги започна празнувањата со кои што одбележа 21 годинa од своето постоење. На седницата на која што градобачалникот стави акцент на развојот на општината и реализираните проекти, присуствуваа и новиот директор на УСАИД во Р.Македонија, бугарскиот конзул и амбасадорката на UNDP.

По повод роденденот советниците и вработените од општина Могила заедно со вработените во ЈКП од општината положија и свежо цвеќе на спомениците Димче Могилчето и Захарија Шумљанска.

Со своја изложба се претставија и ликовните уметници од Малиот Битолски монмартр, а прославата беше надополнета со песни и драмкса изведба на учениците од ОУ Гоце Делчев.


Со пописот од 2002 година во општина Могила има 23 населини места со 6700 жители.