Општина Новаци прослави 21 година

0
750

Со торта и со низа активности денеска Општина Новаци го прослави својот роденден Празнувањата започнаа со свечена приредба  со која беше одбележан патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и 60 години постоење на ова училиште.Се положи цвеќе пред споменикот на бранителот од конфликтот во 2001 година Пеце Матичевски .Се одржа и свечена седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните медиуми, градоначалникот Котевски посебен акцент стави на развојот на општината и многубројните проекти реализирани во изминатите години

Котевски додаде дека општината е пример во користење на средства од ЕУ , но и вложување на тие средства во проекти

Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.