Општината за АКТО

0
638

Од Општина Битола на прашањето зошто фестивалот АКТО не е дел од годинешната програма на Бит фест“ испратија писмен допис во кој се вели: „Програмата на Бит фест е одамна објавена, а реакцијата задоцнета веројатно поради недоразбирањето и распадот на првичната екипа на акто која секогаш била поддржувана од Општина Битола. telop 2 opstina

Поединци од некогашната група АКТО кои веројатно без дозвола на останатите членови кои си заминаа од групата – си го присвоија фестивалот, излегоа со изјави дека финансиите што Општина Битола ги доделува за нив биле незначителни. Оваа година износот предвиден за културни манифестации е доделен на оние учесници на кои финансиската помош од Општина Битола, навистина многу им значи и уште на почетокот уредно аплицираа со свои предлози за учество на Бит фест“, се вели во соопштението од Општина Битола. За локацијата пак велат дека имаат одговорено писмено на барањето за локација, бидејќи посочената локација не е во сопственост на општината, немаат надлежност на неа.