Општината за градежните активности на стадионот во Битола

0
801
SONY DSC

Денеска општина Битола се огласи со соопшение за тоа како течат градежните активности во изградбата на стадионот под Тумбе кафе . Во соопштението се вели:

-Имајќи ја предвид големата желба на битолчани, силната спортска мотивираност и насоченоста на локалната самоуправа кон развој и реализација на проектот „Битола спортски град“, проектот за изградба на стадионот под Тумбе кафе продолжува да се реализира со голем интензитет. И денес, градежните активности под Тумбе кафе се одвиваат со силна динамика, со цел што поскоро Битола да добие стадион каков што заслужува.

SONY DSC

Базичната форма на новиот објект „Фудбалски стадион за 12 000 гледачи“ има форма на арена, а северната трибина на која што се одвиваат градежните активности во моментот е со капацитет од 4764 гледачи. Трибината се полни низ седум излези на трибини, односно седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Трибината е организирана во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места.

Подтрибинскиот простор на северната трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.

После завршувањето на изградбата на северната трибина и реконструкцијата на јужната, ќе се пристапи на реализација на останатите фази од проектот, односно изградба на западната и источната трибина. Западната трибина собира 1234 гледачи, а истата се полни низ 2 излези на трибини, т.е два сектори со редни броеви 1и 2.

Источната трибина собира 1234 гледачи и истата се полни низ 2 излези за трибини т.е оваа трибина има два сектори со редни броеви 10 и 11.

SONY DSC

Проектот кој веќе се реализира е изработен согласно интересот и барањата на голем број заинтересирани граѓани, спортисти, навивачи, претставници од училишниот спорт и спортските клубови, кои присуствуваа на јавните презентации, организирани во процесот на изработка на проектот за изградба на стадион под Тумбе кафе.

ГП Гранит интензивно работи согласно предвидениот динамички план, а вредноста на оваа фаза од реализацијата изнесува над 5 милиони евра и истата треба да биде реализирана за помалку од две години, се вели во соопштението на општина Битола

SONY DSC