Општината за велосипедската патека на градското шеталиште

0
1162

По реакциите и коментарите на социјалните мрежи околу означената велосипедска патека на градското шеталиште, денеска со реакција и обласнување се огласија од општина Битола.

„Потсетуваме дека сообраќајната студија за град Битола беше јавно презентирана и по истата никој не даде забелешки, вклучувајќи го и предлогот за изведување на велосипедски патеки во град Битола. Едни, кои не успеале да станат познати во својата професија, се обидуваат да се докажуваат дека се постручни од експертите на Технички Факултет – Битола, од стручни лица со добиени лиценци-изработувачи на проект и од МВР-сообраќаен отсек кои го одобриле проектот за реализација. Други, сега надлежни за донесување на Одлуки на Совет, девалвирајќи ги стручните лица погоре наведени, ги девалвира и одлуките донесени на своите колеги во претходен состав. Во секој случај, општинската администрација ќе изврши дополнителни консултации со други стручни лица за мислење околу практичната примена на решенијата од овој проект, истовремено ги повикува сите стручни лица доколку имаат издржани предлог-решенија да ги достават за разгледување“ стои мешу другото во денешната реакција на општина Битола.