Општинскиот суд место за протест

0
1206

Во Битола, родниот град на притворениот Здравко Савески од партијата „Левица“, се одржа собир пред Основниот суд за негово ослободување.

Здравко Савевски и Владимир Куновски од „Левица“ се во домашен притвор веќе 14 дена. Битолчни најавија дека секој ден во 10 часот ќе се собираат пред судот додека не бидат ослободени протворените.

На собирот беше и семејството на Савески.

Судот во Скопје го одложи денешното рочиште против членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело. Судењето е презакажано за 19 мај кога се очекува да биде изготвен вешт наод и мислење што го побарало Државното правобранителство како законски застапник на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.