„Општинско корисна работа“

0
437

Согледување на потребите на лицата со попреченост и поставување стандарди во давањето услуги е целта на работилницата „Од замисла до услуга – креирање услуги во функција на поединецот“, што денеска се одржува во Ресен, како дел од проектот „Општинско корисна работа“ што го спроведува УНДП во Македонија.

„ Ќе се разгледа дизајнот и начинот на кој се концепираат услугите, да се направат поуспешни и поефективни и да бидат подобри за крајните корисници. Целта на работилницата е да се погледне од перспектива на крајните корисници, што е она што навистина им треба или како што кажуваме ние да се биде еден ден во нивните чевли“ истакна Лујза Винтон од УНДП.

За градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски работилницата ќе помогне за прецизно оформување на претстојните апликации кои ќе овозможат креирање на сервиси за деца и возрасни со посебни потреби. Општината, посочи тој, минатата година заедно со УНДП се посветиле на воспоставување сервисни услуги за лица со посебни потреби, со што услуги добиле над 40 лица од Ресен, а проектот се реализира и годинава.