Општо корисна работа по трет пат во Могила

0
413

mogila 1 olivera 27По трет пат Општина Могила го продолжува проектот за општокорисна работа на невработени лица во соработка со МТСП, УНДП и Агенцијата за вработување.

mogila stevoГрадоначалникот на Могила, Стево Пивковски, вели дека минатата година овој проект бил насочен кон грижа за старите лица, а годинава истиот е кон поплавите, односно кон делење на помош на оштетените и помош доколку имаат потреба за пополнување документација за барање за обештетување и слично.

mogila 5 27Проектот е во тек од први јуни, а ќе трае до ноември.

mogila magГулевска Магдалена координатор на проектот вели дека во рамки на проектот е формиран Центар односно комисија која води еден вид на регистар на бројот на лица оштетени со поплавите.

Тони Николовски од село Ношпал вели дека во нивнотот село има околу 50 семејства кои се оштетени инаку во изминатиов период веќе поделиле социјална помош.

mogila 2 27Апелираат до сите граѓани кои се во можност да донираат храна и хигиенски производи, а на посебна сметка на општината може да се донираат и средства.