Орав и неколку заменици амбасадори пристигнаа во Владата

0
268

Евроамбасадорот Аиво Орав и неколу заменици амбасадори во земјава пристигнаа во згрдата на Владата.

Како што јавува репортерот на Телма, тие се на разговори во Владата со премиерот Никола Груевски непосредно пред почетокот на лидерската средба закажа за полноќ во Клубот на пратениците.

Како што веќе информираше Телма, на средбата присуствуваат заменик амбасадорот на САД во Македонија, амбасадорот на ЕУ, на Италија, на Холандија и на Германија.

Целта на нивната посета е да му пренесат на премиерот Груевски последно предупредување од земјите кои ги претставуваат за последиците кои ќе ги има Р.Македонија доколку не се спроведе договорот за излез од кризата од 2 јуни-15 јули.

Без коментари

LEAVE A REPLY