Орбан сака распоредување на бегалците низ целиот свет, не само низ Европа

0
581

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во средата изјавил дека целиот свет треба да го сноси товарот од сместувањето на бегалците и мигрантите, а не само членките на Европската унија (ЕУ), пренесуваат унгарските медиуми.

Орбан силно се противи на квотите за распоредувањето на мигрантите внатре во ЕУ, но потенцирал дека еден од предлозите до европските лидери е и правење на квоти за распоред на бегалците ширум светот.

„Треба да го вклучиме цел свет во решавањето на бегалската криза, мигрантската криза или, пак, како што ние Унгарците го нарекуваме тоа – миграцијата на луѓе“, рекол Орбан.

Унгарскиот премиер пред европските челници на самитот во средата исто така го повторил предлогот за помош кон Грција во заштитата на границите, како би се спречил приливот на мигранти на европскиот континент, а ова би се постигнало доколку земјите членки на Унијата пратат доброволци во една таква мисија./крај/мф/бс

Без коментари

LEAVE A REPLY