Орел го нападна Доналд Трамп

0
443

Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори во САД, повеќе пати го нападнал орел во текот на снимањето за магазинот „Тајм“.

Белоглавиот орел , американски симбол, позирал во неколку кадри заедно со богаташот Трамп.

Иако видеото е снимено во август месец, дури сега е обајвенo на интернет. Трамп тој ден се фотографирал по повод изборот за „личност на годината“, на кој, инаку, не победи. Синоќа беше соопштено дека титулата за највлијателна личност и припаднала на Ангела Меркел.

На орелеот очигледно не му годело позирањето со американскиот бизнисмен и политичар, бидејќи птицата грабливица на неколку пати пробала да го повреди.

Контроверзниот политичар искрено се исплашил, но останал неповреден.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY