Оркестарот Густаф Адолф ги доближи американските композитори на битолската публика

0
383

Симфонискиот oркестар при колеџот Густав Адолф, од своето основање до денес, како една од поважните програми, ја сметаат музичката.

За почеток на концертната сезона, Центарот за култура во соработка со универзитетот Св. Климент Охридски- Битола, организираше концерт токму на овој оркестар од САД, а во рамките на одбележување на
1100 годишнината од смртта на големиот светец Климент Охридски.

Едни од позначајните композиции кои ги изведувале е и Нобеловата симфонија на Стив Хетзег, како и делата на др. Чен Ји, добитник на пулицерова награда.

Овој оркестар е еден од финалистите за американскиот натпревар во 2015 .

Со оркестарот диригираше Рут Лин а со џез ансамблот Дејв Стампс.

Делата на композиторите Копланд, Андерсон, Вилијамс, Гершвин, Гибсон, Картер, Џонс и други, беа дел од концертната програма во Битола.

Концертот во Битола е дел од турнејата за 2016 низ Грција и Македонија.

Колеџот Густав Адолф е основан 1862 та година. Музиката е од особено значење на истиот , па така третина од сите студенти на колеџот, а тоа е бројка од над 2500 студенти, ја посетуваат програмата за музика и членуваат во музичките ансамбли.

Тука имаат избор за 30 музички ансамбли, три хорови, повеќе оркестри, како и џез ансамбли.