Оштетување е основната верзија за авионската несреќа на Ербас А321 во Синај

0
235

Оштетување е основната верзија на руските власти за несреќата на патничкиот авион Ербас А321, соопшти рускиот министер за транспорт Максим Соколов. Тој ги негираше информациите дека “Исламска држава” го урнала авионот.

“Врз основа на контактите со египетските власти, информациите дека авионот бил урнат не треба да се сметаат за сигурни”, рекол  Соколов.

Денеска руските медиуми ја раширија изјавата на сопругата на вториот пилот на авионот Сергеј Трукачев – Наталија. Во интервју за руската НТВ, таа вели дека сопругот и се жалел од состојбата на авионот.

Според нејзини зборови тој се слушнал со нивната ќерка непосредно пред полетувањето и рекол дека има многу што да се работи на техничката состојба на машината. Авионот Airbus A321-бил повеќе од 18 години.

Според властите во Египет, непосредно пред да изгуби контакт со авиодиспечерите, првиот пилот поднел сигнал за техничка неисправност и побарал принудно слетување на најблискиот аеродром.

Сепак причините се трагичната несреќа остануваат нејасни. Рускиот патнички авион со 224 патници се урна во планинска месност на египетскиот полуостров Синај само 23 минути откако полета од локалното одморалиште. Сите патници загинале.

Во соопштението на својот сајт, авиокомпанијата “Когалимавиа” напиша дека авионот бил во “добра форма”, а капитенот Валери Немов бил со богато летако искуство. Тој имал 12 000 часа во воздухот, од кои 3860 како капетан на A321.

Откако пред ден “Исламска држава” ја презеде одговорноста за несреќата, неколку од најголемите авиокомпании во Европа најавија дека ги запираат летовите над реонот од безбедносни причини.

Досега вооружените групи во Северен Синај не стрелале ниту патнички авиони, ниту воени. Неодамна локални медиуми објавија дека тие се здобиле со рачни анти-авион проектили, но тие можат да се користат само против хеликоптери, или авиони кои ниско летаат .
Рускиот патнички авион летал на околу 8.000 метри, кога ја изгубил контакт со диспечерите.