Оскар Писториус следната недела излегува од затвор, одлежа само 10 месеци од петгодишната казна

0
307

Оскар Писториус следната недела ќе биде ослободен од затвор, по отслужување на десет месеци за убиство на  девојката Рива Стинкемп. Во затвор тој треба да поминe пет години.

Иако поранешниот спортист не се пријавил сам за предвремено ослободување, одборот  на затворот каде што во моментов престојува предложил да биде пуштен штом тоа ќе биде возможно.

По судскиот процес, кој го привлече вниманието на светската јавност, и неговиот престој во затвор не помина без контроверзии.

Сепак, во јуни беше одлучено дека тој ќе отслужи минимум една шестина од петгодишната затворска казна.

„Писториус се однесува многу добро”, изјавил официјалниот претставник Зак Модаис.Тој ќе биде ослободен од затвор на 21 август, откако помина точно 10 месеци зад решетки. Дали тоа ќе стане навистина слободен е сосема друго прашање. Сега неговиот случај е проблем на Врховниот суд, која ќе одлучи дали неговата пресуда ќе биде преименувана во убиството и дали тој следствено ќе  заврши во затвор на најмалку 15 години, пренесува хрватски Индекс.