Ослободени патниците од киднапираниот египетски авион

0
310

Освен седумтемина членови на екипажот и четворица странци, сите други патници од киднапираниот египетски авион се ослободени, соопшти компанијата „Еџиптер“. Авион на оваа компанија со 61 патник и членови на екипажот принудно слета на аеродромот во кипарскиот град Ларнака околу 8:30 часот по локално време. Авионот Ербас А320 сообраќал на релација Александрија- Каиро. Киднаперот најверојатно имал приватни причини за таквиот потег. Имено, некои од патниците велат дека киднаперот фрлил писмо во авионот на арапски јазик наменето за неговата поранешна сопруга која била на Кипар.