Ослободување на Скопје прикажан во Хелсинки

0
513

Филмот „Ос­ло­бо­ду­ва­ње на Скоп­је“, чиј­ ре­жи­сер е акте­рот Ра­де Шер­бе­џи­ја, се прикажа на Филмскиот фестивал во Хелсинки во рамките на програмтата „Добредојдовте во Европа“.

На истата беа присутни режисерското дуо Раде и Данило Шербеџија, актерката Луција Шербеџија, продуцентот Роберт Насков, како и финската екипа.

Со овој филм беше отворен 37-от Филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Фил­мот е ма­ке­дон­ско-хр­ват­ско-фин­ска ко­про­дук­ци­ја и ве­ќе бе­ше на два го­ле­ми фе­сти­ва­ли, во Пу­ла и во Са­ра­е­во.

Глав­на­та уло­га во фил­мот ја тол­ку­ва Да­вид То­до­сов­ски (13). То­до­сов­ски ја тол­ку­ва уло­га­та на Зо­ран. По­крај не­го на­ста­пу­ва­ат и акте­ри­те Сил­ви­ја Сто­ја­нов­ска, Ра­де Шер­бе­џи­ја, Лу­ци­ја Шер­бе­џи­ја, Ми­ко Но­у­са­и­нен, Не­бој­ша Гло­го­вац, Пе­тар Мир­чев­ски, Ја­ри Вир­ман, Де­јан Ли­лиќ, Де­нис Аб­ду­а­ла, Аксел Мех­мед.

Раде Шербеџија истакна дека одамна сакал да го направи овој филм, а реализацијата на таа идеја започнала штом сценариото, кој самиот го напишал му се допаднало на драматургот Душан Јовановиќ и тој го одобрил.

Композитори на музиката се Томас Катерине и Влатко Стефановски .

Ре­жи­се­рот и кос­це­на­рист Шер­бе­џи­ја игра­ше и во пра­из­вед­ба­та на тек­стот за исто­и­ме­на­та драм­ска прет­ста­ва во За­греб во 70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

Ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја­та е Де­јан Ди­ме­ски.

Про­ду­цен­ти се Ро­берт На­сков, Гор­јан То­зи­ја, Вла­ди­мир Ана­ста­сов и Игор Но­ла, а филмот е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции Еуроимаж.

Фил­мот се сни­ма­ше во Ве­лес, Би­то­ла и во Скоп­је.