Османи: Интензивирање на разговорите за спорот со името со Грција

0
228

Интензивирање на разговорите за спорот со името кој Грција го има со Република Македонија е еден од приоритетите за владата, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Тој на оваа тема ќе има средби во Берлин од каде ќе побара и поддршка од Германија, но и во Атина со официјалните претставници на Грција.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас доаѓа на крајот на август во земјава и во фокусот ќе бидат разговорите за името. Османи во овој процес очекува поддршка и од европските партнери на земјава, и од земјите од Западен Балкан и со таа цел денеска во Секретаријатот за европски прашања беше одржан работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во земјава.

http://24vesti.com.mk

Без коментари