Oсмани најавува решавање на спорот со името

0
199

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, најавува дека Македонија и Грција наскоро ќе го решат спорот за името, меѓутоа тој рече дека евентуалното взаемно прифатливо решение не би било донесено без да бидат прашани граѓаните.

Османи синоќа во емисијата „Патот кон“ на теливизијата Алсат – М најави дека наскоро ќе се затвори спорот за името, истакнувајќи дека изминативе локални избори биле референдум за ова прашање.

„И јас ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните бидејќи граѓаните бараат Македонија во НАТО и во ЕУ“ – изјави Османи.

Тој не прецизира до кога може да се очекува затворање деценискиот проблем за името меѓу Македонија и Грција.