Османи: Новата Влада сака да ги решава отворените прашања со соседите, а не да отвора нови

0
237

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека Македонија развива добрососедски односи со сите држави од регионот.

Тој смета дека новата Влада со преземањето интензивни активности покажала дека сака да ги решава отворените прашања со соседите, а не да отвора нови.

„Тоа што може е да ја поздравиме изјавата од српска страна односно нивниот официјален став за заштита на пријателските односи и враќање на состојбите во вообичаените рамки“- рече Османи.

Османи наведе дека будно ја следат состојбата, не би избрзувале со заклучоци и не треба да се шпекулира во однос на причините. Важно е вели од двете страни да има позитивна волја да се вратат работите во вообичаените односи.

Тој кажа дека во комуникација со властите на Косово е добиена информација дека во моментов Приштина воопшто нема апликација за прием во УНЕСКО.

http://faktor.mk

Без коментари