Османи се сретна со амбасадорите од земјите од Западен Балкан

0
235

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска одржа работен појадок со амбасадорите и нивните претставници, на земјите од Западен Балкан, на која присуствуваа претставниците од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Црна Гора и Република Србија.

Целта, како што се вели во соопштението, е за редовна координација на земјите од Западниот Балкан во интерес на европската перспектива и намерата е да прерасне во редовна комуникација и координација, со цел, поуспешно адресирање на заедничките интереси на земјите во насока на забрзана европска интеграција на регионот.

-Регионалната соработка, покрај големото значење за европските перспективи, значи и зголемена економска, културна и општествена размена, што, пак, самото по себе претставува важна придобивка за граѓаните на нашите земји, смета Османи и затоа од заедничкиот интерес е и соработката во рамките на Берлинскиот процес, која претставува значајна иницијатива за регионално инфраструктурно и економско поврзување на земјите од Западниот Балкан, како важни одредници за европските перспективи на земјите.

На средбата биле разменети искуства и мислења за начините на кои може да се зголемат капацитетите на земјите за поголема апсорпциона моќ за искористување на ИПА средствата, како и евентуалните последици врз ИПА фондовите со намалувањето на буџетот на Европската Унија по завршувањето на процедурата БРЕГЗИТ.

http://novatv.mk

Без коментари