Осомничените во „Трезор“ повикани на сослушување во суд

0
278

Четворицата осомничени во случајот „Трезор“денеска треба да се појават на сослушување кај судија на претходна постапка, информираат од Кривичниот суд. Судот испратил покани до странките и лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се изврши во текот на денот.

Под кодното име „Трезор“ Специјалното јавно обвинителство отвора истрага по сомнение за проневера на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. За злоупотребата се товарат  тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење. За едно лице СЈО бара притвор, а за останатите мерки на претпазливост.