Останал без 10.000 евра, златни петолирки и накит

0
1496

На 22/23.07.2016 година во периодот од 16.30 до 00.15 часот во Демир Хисар, на ул.„Битолска“ во куќа сопственост на А.С. (84) непознат сторител извршил тешка кражба. Во тој период сопственикот не бил во куќата. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 10.000 евра, 17.000 денари, седум златни петолирки и златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.