Остани – прв роман на Јасмина Јошевска

0
625

Во Народниот театар Битола беше промовирана книгата „Остани“ од Јасмина Јошевска .

Промоцијата на романот кој е напишан според вистинска приказна предизвика голем интерес, а истата се одвиваше во убава атмосфера надополнета од Петар Горко и Димитар Андоновски. Рецезент на книгата е Сузана Турунџиева.

-Довербата на некоја личност да ви се довери и да го дозволи да го овековечам тоа во книга е доволна инспирација за да го напишам првиот роман, вели Јошевска за нејзиниот прв роман.

Оваа е нејзина четврта книга по ред, претходните три книги се поезија, додека четвртата е проза.