Останува обврската за возење со запалени светла и дење и ноќе

0
298

Амандманот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за останување на обврската за употребата на светлата во сообраќајот и дење и ноќе е прифатен во новиот предлог Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законот е сè уште во процедура, но оваа обврска најверојатно ќе остане.

Првично во предлогот беше предвидено укинување на обврската за употребата на светлата за време на возење дење, но амандманот за останување на ова правило е прифатен.

„Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Обврската, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост…“.

Казната за непочитување на оваа законска обврска е 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност.