Оставете печат врз се што работите-Вања Пантин за Тера

0
286

Заслужна за имиџот на ѕвездите од Х фактор Адриа,беше Вања Пантин,која се потпишува како официјален стилист.
Препознатлива по својот модернистички и авангарден стилски израз, преку кој суптилно прави микс на различни стилски правци, Пантин е една од најангажираните и најпознатите српски стилистки.
– Сум се грижела за стајлингот на Северина,Јелена Розга,сум соработувала со Тијана Дапчевиќ а во иднина би сакала да соработувам со Каролина, таа ми е доста инспиративна-изјави Пантин за Тера телевизија.
Пантин по иницијатива на Васка Младеновска главен и одговорен уредник во Битолски весник, гостуваше во Битола и се сретна во Хауз бар, со повеќе македонски дизајнери како и вљубеници во модата.