Оставка на шведската министерка Хаџиалиќ поради алкохол

0
242

Шведската министерка со босанско потекло Аида Хаџиалиќ, 29 години, денес даде оставка од својата функција поради тоа што возела под дејство на алкохол.

Хаџиалиќ е министерка за средно образование и обука на возрасни. Полицијата од Малме во рутинска контрола кај неа утврдила присуство на 0,2 грама алкохол во крвта, односно точно нивото кое претставува престап во Шведска.

“Ова е најголемата грешка во мојот живот…. Ја преземам одговорноста и објавив дека ќе го напуштам министерското место”, изјави таа на прес конференција во Стокхолм не криејќи ги своите емоции.

“Разбирам дека многу луѓе се разочарани од мене. Лута сум на самата себе си и длабоко жалам што ова се случи”, додаде таа.

Хаџиалиќ е родена во Босна и на 5-годишна возраст со родителите, бегалци од војната, дошла во Босна во 1992 година.