Оставка си поднеле 53 члена на ЦК на “СИРИЗА”

0
445

Оставка од централниот комитет на “СИРИЗА” поднеле 53 члена на партијата, пренесоа агенциите.

“Како членови на централниот комитет не можеме да го прифатиме новиот договор со меѓународните кредитори, како што нема да ги прифатиме сите останати. Ова ќе нанесе финален удар по и без тоа економски ослабеното грчко општество “, пишува во заедничка изјава на членовите кои ја напуштаат партијата.

Политиколози сметаат дека поголемиот дел од нив ќе влезат во партија “лаик енотита” (Национално единство), формирана на 21 август од 25 пратеници од “СИРИЗА”. Новото движење беше формирано од внатрепартиските противници на својот поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас.