Острени ја претстави УНИТЕТИ

0
314

Поранешниот началник на Генералштабот на ОНА, Гзим Острени, денеска во скопскиот хотел „Александар палас“ го претстави формирањето на новата партија Унитети-Единство

Острени со ова и официјално му објави „политичка војна“ на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а овој чекор според него е  резултат на немањето желба во ДУИ да се спроведат реформи, промена на принципот на владеење, како и концентрацијата на моќта во партиското раководство.

– Ние цениме дека албанските парламентарни партии станаа вазали на ВМРО – ДПМНЕ. Целта на формирањето на Единство е создавање нова алтернатива за понатамошниот демократски развој на Македонија, изјави Гзим Острени

Иако од партијата тврдат дека станува збор за политички субјект кој ќе го застапува граѓанскиот концепт, сепак се очекува најмногу на удар да биде партијата на Ахмети, од чии ресурси ќе се црпат најмногу приврзаници и симпатизери.