Осуда за нападот на новинарот пред МВР

0
300

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашното насилство врз новинарот на ТВ Телма и смета дека ваквите чинови се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

– Агенцијата апелира да не се попречуваат новинарите и претставниците на медиумите во извршувањето на нивната професионална задача, која е од исклучителна важност во овие општествено-политички мигови – се вели во соопштението на АВМУ.