Осуда за последната ракетна проба на Северна Кореја

0
231

Советот за безбедност на ОН остро ја осуди новата севернокорејска проба со балистичка ракета над Јапонија, оценувајќи ја како „огромна провокација“, се наведува во декларацијата, која е едногласно одобрена на вонредната седница на Советот зад затворени врати.

Станува збор за скандалозни дејствија, нагласува Советот за безбедност и го повика Пјонгјанг веднаш да прекине со такви активности.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун порача дека целта на Севрена Кореја е да постигне воена моќ, која ќе биде еднаква на она на САД, јавија денеска медиумите во Пконгјанг.
„Наша крајна цел е да воспоставиме еднаквост на реалните сили со САД и да дојдеме во ситуација во која американските лидери нема да се осмелуваат да зборуваат за воена интервенција против Северна Кореја“, порача Ким.

Тој додаде и дека Северна Кореја ќе продолжи со развојот на својата нуклеарна програма и покрај новите меѓународни санкции и дека на крајот земјата ќе формира свои нуклеарни сили кои „ќе бидат способни за атомски контранапад, со кој САД не ќе можат се справат“.