Oсуден Хрват за шпионажа

0
239

Судот во Белград го осуди на три години затвор хрватот Чедо Чоловиќ кој призна дека шпионирал за Хрватска, но официјален Загреб го демантира тоа. 57 годишниот Чоловиќ, кој има и хрватски и српски пасош беше уапсен во минатата недела. Медиумите јавуваат дека Чоловиќ и давал на Хрватска воени информации кои биле користени за покренување обвинувања за воени злосторства против српски офицери. Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ги отфрли наводите дека Чоловиќ работел за Хрватска.