Осум дена притвор за киднаперот на египетскиот авион

0
275

Кипарски суд  нареди осум-дневен притвор за Египќанецот кој призна дека го киднапирал авионот на EgyptAir и го пренасочил летот кон Кипар, заканувајќи се дека ќе детонира појас со лажен експлозив, пренесуваат светските медиуми.

Полицискиот обвинител Андреас Ламбрианоу денес  изјави дека осомничениот, кој властите претходно го идентификуваа како 59-годишен Сеиф Елдин Мустафа, се соочува со обвиненија за киднапирање, нелегално поседување експлозиви, киднапирање и закана дека ќе изврши насилство.

Драматично киднапирање вторникот заврши мирно кога полицијата го уапси осомничениот откако беа ослободени сите 72 патници и членови на екипажот на авионот Ербас А320.

Обвинителот соопшти дека осомничениот на полицијата и кажал: “Што треба да направите ако не сте ја виделе сопругата и децата 24 години, а египетската влада не ви дозволува да го сторите тоа?