Осум дена притвор за прилепчанец осомничен кражба

0
800

Одделението за имотни деликти при Отсекот за тешки кражби до Основното Јавно обвинителство – Скопје со кривична пријава го предаде лицето Г.Т. (26) од Прилеп, осомничен дека сторил кривично дело „тешка кражба“, за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Со намера да се стекне со противправна имотна корист, соопшти денеска МВР, на 11. овој месец, околу 14,30 часот, на ул. „Атинска“, пријавениот заедно со уште едно засега непознато лице извршиле „тешка кражба“ во стан, со што се стекнале со имотна корист од 1.050.000 денари.

Тешката кражба, е извршена на тој начин што откако дошле на наведената адреса, со погоден цврст алат ја скршил цилиндричната брава од влезната врата на станот, влегле во станот, извршиле претурање и пребарување, и пронашле и одзеле златен накит, рачни часовници и 2.500 евра.

По извршување на кривичното дело, тие на скалите се разминале со ќерката на оштетениот сопственик на станот која во тој момент влегла во влезот од зградата. Таа во обид да ја отклучи влезната врата од станот, забележала дека бравата е обиена, а кога ја отворила влезната врата видела дека инвентарот во ходникот е претуран. Веднаш се посомневала во лицата со кои се разминала на скалилата и со трчање се упатила кон соседката, која во моментот била во ходникот со уште едно лице кое исто така ги забележале Г.Т и другото лице.

Без коментари

LEAVE A REPLY