Осум години од смртта на Тоше Проески

0
358

Македонскиот пејач Тоше Проески на денешен ден пред осум години животот го загуби во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб-Липовац, кај местото Нова Градишка, во Хрватска.

Како и секоја година и оваа во чест на Тоше 16 маратонци тргнаа од Нова Градишка на 13 октомври и се упатија  кон Крушево, до неговото вечно почивалиште.

Обожавателите на Тоше секоја година организираат настан наречен „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, што се одржува на датумот кога тој го одржа неговиот последен концерт пред скопската публика, 5 октомври. На оваа манифестација беа промовирани две песни. Првата е отпеана на ромски јазик и е со наслов „Ефта пуране иконе“(Седумте стари икони), а Тоше ја отпеал за потребите на панк-операта „Дом за бесење“ на Емир Костурица.