Осум луѓе повредени во напад со нож во Русија

0
387

Најмалку осум луѓе се повредени при напад со нож во рускиот град Сургут во Сибир, а потоа напаѓачот е застрелан од полицијата, објавија денеска руските власти. Маж напаѓал минувачи кои се движеле из централните улици во градот, при што повредил осум луѓе, објави рускиот Истражен комитет.

Се уште не се познати мотивот зад нападот, ниту е идентификуван напаѓачот.

Повредените биле пренесени во болници, двајца од нив се во сериозна состојба.

Сургут има 300 илјади жители и се наоѓа околу 2.100 километри североисточно од Москва во регионот Ханти-Манси, богат со нафта.

www.slobodnaevropa.mk

Без коментари