Осум мигранти загинаа, а 113 се спасени во Средоземно Море

0
753

Италијанската Воена морнарица пронајде тела на осуммина загинати имигранти и спаси 113 други од гумен чамец, со кој се обидувале да го поминат Средоземно Море.

Акцијата е извршена од бродот „Берсалиере“. Повеќе детали не се соопштени.

Италијанските военопоморски сили во саботата спасија 562 лица, кои се обидувале да стигнат до Европа со пет чамци.